За нас
Здружение за култура,
уметност и млади
„Арт Генератор“
Здружението е формирано во март 2022 година. Основачи на здружението се Фаик Мефаилоски, актер, Сашко Костов, музичар, и Славчо Коцев, музичар.
Цели
Клучните цели на здружението се: изнаоѓање на модели за развој на уметничката сцена во поширок контекст, децентрализација и деметрополизација на културата и уметноста, јакнење на независната сцена преку интерсекторско поврзување. Да иницираме интеркултурна размена на искуства и уметнички практики кои би придонеле за отворање на локални контексти за дискусија и глобализирање на локалните теми и практики. Со континуирана поддршка имаме за цел да генерираме своевиден трезор на искуства и ресурс за размена на искуства од активните партиципиенти и чинители кои дејствуваат пофлексибилно и подисперзирано.
Очекувани резултати
Развој на колаборативен театарски перформанс, создавање на платформа за критичко обмислување и делување, дебата и изведба на дела каде локалната заедница и перформерите би можеле да ги дискутираат и да мислат на актуелните културни практики како двигатели во општеството, чувство на припадност и доближување кон заедницата.
Културно влијание
Во бројки
5
Изданија на фестивалот
48
Концерти, изложби и работилници
10
Земји од кои доаѓаат изведувачите
8
Локации низ Велес
2022
Година на првото издание
Пресметано од програмите на сите изданија, 2022–2026.
Основачи
- Фаик Мефаилоски, актер
- Сашко Костов, музичар
- Славчо Коцев, музичар
