Приклучи се
Art Generator го прават луѓето зад сцената. Ако сакаш да бидеш дел од екипата на петтото издание, да запознаеш музичари и да видиш како се прави фестивал одвнатре, приклучи ни се.
Пријави се за волонтерКаде можеш да помогнеш
Пречек на публиката
Информации, насочување кон локациите и помош при влезот во театарот и на отворените сцени.
Продукција и сцена
Помош при поставување и расчистување на сцените, опремата и просторот пред и по настаните.
Придружба на изведувачи
Пречек на музичарите, придружба низ градот и помош околу распоредот. Пожелно е познавање на англиски јазик.
Работилници и дневна програма
Поддршка на дневните настани во градскиот парк, особено на работилниците за деца.
Фото, видео и социјални мрежи
Бележење на атмосферата и помош при објавите во текот на фестивалскиот викенд.
Како оди пријавата
Пријави се преку формуларот - кажи ни кои денови си слободен/на и што би сакал/а да работиш.
Ќе ти се јавиме со потврда и со термин за кратка средба со екипата пред фестивалот.
На средбата ги договараме задачите и смените, за секој да знае каде е и кога.
Прашања за волонтирањето
Кој може да волонтира?
Секој што има желба и малку слободно време во текот на фестивалскиот викенд. Помладите од 18 години се добредојдени со согласност од родител или старател.
Колку време треба да одвојам?
Колку што можеш, од една смена до целиот викенд. Смените ги договараме однапред, според твоето време.
Дали ми треба претходно искуство?
Не. Сè што треба да знаеш ќе го поминеме на средбата пред фестивалот, а на терен секогаш има некој од екипата.
Ќе можам ли да ги гледам концертите?
Да, задачите ги распоредуваме така што волонтерите да можат да следат што повеќе од програмата.
Имаш друго прашање? Погледни ги најчестите прашања или пиши ни.
