Назад кон програмата 

World music Финска / Израел Фестивал 2026
Lempi & Shailee Shmuely
- Датум
- 27 септември 2026
- Време
- 20:00
- Место
- Спомен-костурница, Велес
Фестивалот се сели на Спомен-костурницата за музичко патување низ различни култури и традиции. Lempi, позната по дуото Lempi & Vlatko, овојпат наместо македонскиот фолклор ги носи звуците на својот крај - Финска и нејзината музичка традиција. Од Израел доаѓа Shailee Shmuely, уште еден ангелски глас кој преку својот израз ги претставува музичките корени од својот крај. А потоа, заедно нѐ прошетуваат низ различни делови од светот.
Целата програма 2026Ако не бевте таму
Дел од атмосферата
Фотографии и видеа од вечерта, од објавите на фестивалот.
